Претседателот на владата, Никола Груевски со честитка до припадниците на српската заедница по повод празникот Свети Сава.

– Дозволете ми во свое лично име и во името на Владата на Република Македонија, да Ви упатам срдечни честитки по повод празникот Свети Сава. Тој со своето дело оставил значајна трага во развојот и растот на српската заедница која со особено почитување и внимание го празнува овој ден. Истовремено, наша чест и задоволство е да го одбележиме и прославиме Денот на српската заедница во Република Македонија, заедница која е значаен дел од македонското мултиетничко општество која со својот ангажман и посветеност дава свој придонес во напорите за унапредување на економскиот, политичкиот, културниот живот во земјата, и влијае на општиот развој на земјата. Српската заедница претставува дел од нашето општество и со своите особености придонесува во зачувување на уникатноста на нашата држава и е активен учесник во процесите. Ви посакувам добро расположение во текот на оваа Светосавска недела, убава домашна атмосфера и добро здравје, среќа и успех на сите припадници на српската заедница во Република Македонија, се наведува во честитката од премиерот Груевски.

OhridNews