Владата донесе одлука за зголемување на бројот на локациите наменети за изградба на нови бензински пупми и други трговски објекти.

Како што информираат од владата, за одредените локации разрешени се имотно-правните односи, имаат добиено маркички за изградба, а локациите ќе бидат понудени по пат на електронска јавна аукција, а со цел да се обезбеди што е можно поголема транспарентност на распределбата.

Локациите на кои ќе се градат бензинските пумпи може да се поделат во две групи. Првата група на локации ги опфаќа објектите што ќе се градат по линијата на Коридор 10, односно од влезот на Република Маедонија, на границата со Република Србија, до излезот на Република Македонија на границата со Грција.

Во втората група се опфатени локациите кои што се наоѓаат по линијата на други поважни магистрални и регионални патишта во државата.

OhridNews