Како што информира портпаролот на владата, Александар Ѓорѓиев, овој зафат ќе се реализира во текот на три години, а меѓу предвидените 132 училишта по пет се во Охрид, Струга и Тетово, а ќе се обновуваат и училишта во Куманово, седум во Битола, шест во Гостивар, четири во Струмица, по три во Прилеп и Крива Паланка, како и 34 во општина Скопје.
До крајот на месецов ќе биде избран проектант за градежните зафати, а по подготовката на проектите ќе биде отворена и постапка за изведувач на градежните работи и надзор.
– Училиштата се определени преку јавен повик и преку нивна физичка проверка. Целта на проектот е да се создадат современи услови за настава во енергетски ефикасни училишта. Ќе бидат опфатени различни општини, независно од составот на населението или од политичката припадност на градоначалникот, рече Ѓорѓиев.