Владата стана сопственик на над 51,5 отсто од акциите на ЕМО АД – Охрид по пребивањето на долгот кон државата со издавање на акции во износ од 4,16 милиони евра.

Овој чекор беше превземен врз основа на Законот за трансформација на обврските на ЕМО и капитално поврзаните друштва по основа на јавните давачки во траен влог во акции на Владата. Ваквото барање беше одобрено од страна на Комисијата за хартии од вредност, која дозволи трета емисија акции за познат купувач. Со издаденото решение од 27 ноември 2012 година се одобри издавање трета емисија на акции во износ од 143.934 обични акции по номинална вредност од 30,68 евра.

Со тоа долгот на ЕМО АД кон Владата, во износ од 4,16 милиони евра, е претворен во акции.

OhridNews