Како што потенцираат од владата, основната цел е отворање на нови работни места, за што од буџетот е предвидено да се издвојуваат пет милиони евра на годишно ниво.
Секое ново работно место ќе биде во можност да биде финансирано со по три илјади евра, а најмногу ќе може да се финансираат три нови работни места, односно максималниот лимит на средства што ќе може да се добие е девет илјади евра. Периодот на враќање на средствата, е три години со една година грејс период, со каматна стапка од 1 процент.
Огласот две недели, при што сите микро и мали претпријатија ќе можат да аплицираат и да ги добијат предвидените средства. Право на учество имаат микро претпријатија кои имаат до 10 вработени и мали претпријатија кои имаа до 40 вработени, но мора да бидат регистрирани во период најмалку од една година, да имаат најмалку двајца вработени во период од три месеци и во изминатите шест месеци да го немаат намалено бројот на вработените.
Фирмите кои ќе имаат можност да ги искористат овие средства, ќе имаат обврска во период од 36 месеци да не го намалат вкупниот број на своите вработени односно да го задржат лицето кое го вработиле, а доколку тоа лице биде отпуштено од работа, ќе треба да вработат друго лице.
По завршување на огласот максимално 30 – тина дена Агенцијата за вработување ќе ги обработи сите пристигнати апликации и во соодветна процедура ќе ги одобри средствата, по што ќе ја извести Македонската банка за поддршка на развојот.