
„Спротивно на деловничките одредби Антонио Милошоски свикал комисиска седница. Се знае дека комисијата не може да се започне без кворум. Тој не го известил ниту претседателот на Собранието ,Талат Џафери, што е спротивно на собраниската практика.Од друга страна за парламентарното мнозинство оваа дискусија е беспредметна, затоа што владата синоќа ја прекина постапката за номинација на Александар Николовски, рече пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев.
Очигледно на повидок е спор околу заминувањето на Александар Николовски на најважната амбасадорска фотелја во моментов, кој е предлог на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Во Брисел тој требаше да замине во јануари годинава, но поради политичката криза не можеше да ја заврши процедурата во македонскиот Парламент.
Ако не се успее со спорењето на денешната расправа во Собранието, топката е во рацете на претседателот Ѓорѓе Иванов кој ќе треба да реши дали да го потпише или не указот за именување на Николовски, наспроти одлуката на Владата да го повлече.
Дипломати од Македонија оценуваат дека владата може да го повлече Николовски во секоја фаза од постапката, па дури и ако замине во Брисел, а искуствата од дипломатската практика досега покажаа дека тоа е можно дури и ако претседателот Иванов не даде согласност за повлекување, едноставно повикувајќи го на вечни консултации, пишува „Макфакс“.
OhridNews











