Владата преку четири кредитни линии, под поволни услови, со прифатлив и разумен рок на отплата и вклучен грејс период обезбедува средства за купување, изградба или адаптација на објект во кој ќе би функционирала приватна градинка.
Како што информира владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, кредитните линии во определен процент можат да се користат и како обртни односно да служат за покривање на трошоците за плати, планови, развојни програми во функција на воспоставување и стопанисување со приватните градинки.
„Секоја од кредитните линии има свои специфики, и силни страни, што помага бизнисмените да ги димензионираат и користат според своите потреби и проценки. Се работи за поттикнување на отворање на приватни градинки и стопанисување со нив, кои во европските држави се масовно искористени и претставуваат и еден од моделите за развој на малиот и среден бизнис”, рече Ѓорѓиев.
Четирите кредитни линии кои ги нуди владата се: ЕИБ- кредитна линија- МСП инвестиционен кредит, Инвестициска кредитна линија РФ (Револвинг фонд од Италијанската стокова кредитна линија), Посебен Кредитен Фонд кредитна линија со гарантна шема и МСП-МБПР кредитната линија чиј минимален износ на кредит е 15 000 евра, а максималниот 500 000 евра.
OhridNews