Македонската влада на последната седница усвои пакет од нови предлог законски решенија во образованието, меѓу кои е и воведувањето државен испит на универзитетите како проверка на стекнатото знаење, пренесува „Макфакс“.

Предложениете закони кои ги усвоила влада,а во неделата на прес конференција ги презентираа министерот за образование Абдулаким Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски.

Една од новините, којашто веќе е и актуелна во јавноста се однесува на воведувањето државен испит, како механизам за верификација на академското знаење и за проверка на ефектот од она што како држава сме го вложиле во идната академска заедница, рече министерот Адеми.

Тој нагласи дека Владата е цврсто убедена дека државниот испит ќе придонесе за унапредување на квалитетот на високо образовниот систем и појасни дека тоа е единствената причина за негово воведување.

„Сите останати тези, од типот дека со државниот испит се нарушува автономијата на универзитетите, државата сака да ги контролира професорите, да им наштети на студентите, да заработи на нивна сметка и слично, се само мит фабрикуван од одредени политички структури“, рече Адеми.

Од министерството порачуваат дека заинтересираните и засегнати страни ќе можат да се разгледаат и да се пријават за дебата, за потоа заедно ќе се дојде до конечна формулација.

„Во оваа прилика би сакал да апелирам и до сите политички партии, наместо да посегнуваат по основците, средношколците, студентите, наставниците и професорите, со цел да ги манипулираат заради собирање на политички поени, да понудат свои предлози и сугестии, со што би дале придонес во имплементацијата на овој досега најкрупен пакет на суштински реформи во насока на унапредување на квалитетот на образовниот систем во земјата“, рече заменик министерот Ристовски.

Покрај ова, владата предложи и Закон за Академија за наставници, Закон за наставници во основните и средните училишта, Законот за високото образование, Закон за обука и испит на директор за основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет, воведување на построги критериуми за упис на педагошките факултети и наставните насоки и друго.

Студените организираа два протеста против воведувањето на државен испит на факултетите.

OhridNews
извор: Макфакс“