Од денес на пладне па се до 29- ти феврари на сила стапува донесената одлука на владата за прогласување кризна електроенергетска состојба во Македонија.

Да се исклучат светлосните реклами во јавните и приватни претпријатија, осветлувањето на улиците, плоштадите, излозите, спомениците и другите објекти и осветлувањето да се користи во минимален обем- е една од неколкуте препораки на владата.

Како што денес истакна министерот за економија Ваљон Сарачини во оваа фаза нема да има рестрикции за домаќинствата и граѓаните, но до нив упати апел за рационално користење на електричната енергија.

Поради преголемата потрошувачка на електрична енергија, слични одлуки деновиве донесоја и владите на останатите земји во регионов, меѓу кои Србија, Бугарија, Романија и Албанија.

OhridNews