Владата размислува околу подобрувањето на системот на враќање на Данокот на додадена вредност и во скоро време ќе излезе со дополнителни информации, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Вицепремиерот Пешевски рече дека Владата постојано излегува со предлози кои доаѓаат од бизнис заедницата и оти секогаш се разгледуваат внимателно и во моментот кога ќе се процени дека може да се прифати тоа се прави.

Стопанската комора иницира преземање на обврските по основ на враќање на ДДВ од страна на банките, за издавање обврзница која ќе го ублажи тој проблем. Дали ќе има нови антикризни мерки, Пешевски рече дека Владата постојано излегува со пакети на антикризни мерки.

OhridNews