Меѓу основните приоритети на Владата е да работи на намалениот интензитет на новородени деца во земјава, изјави денес министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.

– Владата воспостави различни економски мерки, но последните пет години анализите покажуваат дека економската стимулација не секогаш е основниот начин врз основа на кој може да се стимулираат семејствата. Ова прашање секое семејство мора да си го постави само на себе бидејќи мерките што ги спроведуваме за трето дете, бесплатни учебници и превоз за учениците се мерки коишто им помагаат само на определени семејства, потенцира министерот.

Ристовски најави дека Владата работи на нов пакет мерки и активности кои треба да помогнат во зголемување на наталитетот во Република Македонија, односно директна борба со мерки против стареењето на населението и демографската рецесија со која се соочуваме во последните 20 години.

OhridNews