Владата донесе одлука за намалување на стапката на Данокот на додадена вредност (ДДВ) за бебешките производи, училишниот прибор, сточната храна и адитивите на сточна или добиточна храна и  жив добиток.

Владата на денешната седница го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ со кој се намалува стапката кај овие производи од 18 на пет отсто.

Новото законско решение се очекува да стапи на сила по формирање на новиот парламентарен состав и по изгласувањето на одлуката во Собранието, што се очекува да се случи кон крајот на мај или во текот на јуни. Фискалните импликации што ќе ги предизвика законското решение ќе изнесуваат 380 милиони денари на годишно ниво или половина за годинава.

Од владата велат дека намалувањето на ДДВ за овие производи ќе предизвика намалување на данокот што го плаќаат продавачите, што пак ќе влијае на намалување на цените за крајните потрошувачи, како и врз зголемување на конкурентноста на фирмите кои ги произведуваат.

OhridNews