Долгорочно згрижување на сите вработени, а се уште се работи на исполнување на барањата за исплата на три заостанати плати- е дел од понудените решенија на Владата за надминување на состојбите во ЈП „Македонија пат“.

Понуденото долгорочно решение за судбината на вработените  предвидува нивно ангажирање  во три групи.  Во првата група се оние што сега работат на наплата на патарина. Ќе бидат префрлени со преземање  во нов сектор во Агенцијата за државни патишта. Во втората група  се 300 до 400  лица за кои е предвидено прераспоредување  во други државни институции зависно од потребите, а за другите односно за најголемиот дел, околу 700, Владата ќе формира ново претпријатие.

Засега законски не може да се исполни барањето за исплата на трите заостанати плати со оглед на блокираната сметка на претпријатието. Сепак, информираа од владата, се работи на изноѓање на решението.

Од Владата апелираа до вработените за трпение додека не се решат проблемите.

На денешната средба помеѓу претставници од владата и синдкатот е постигнато решение за здравственото осигурување односно рефундирање на трошоците што вработените ги имале во периодот додека не добивале здравствени сини картони.

OhridNews