Планот превидува 3 главни фази, кои се активираат во зависност на температурните промени во еден од определените 6 региони во државата. Како ориентирана температура се смета просечната дневна температура
На овие три фази им претходи подготвителност-фаза која продуцира состојба на будност / односно подготвеност на институциите. Потоа следат: жолта фаза на предупредување, во која во моментов се наоѓа Македонија. Оваа фаза опфаќа повеќе активности, меѓу кои : објавување на препораки до јавноста преку медиумите, налог за активирање на општите и специфични мерки доставен до здравствените, образовни социјални установи со цел редуцирање на ризиците од студеното време за најранливите популациони групи.
Втора фаза е портокаловата – студен бран, во која по Препораки од Влада на РМ ќе се врши ослободување од работни места на лица постари од 60 години, бремени жени, скратување на работно време, реорганизација на работното време во образовните установи, а ќе бидат активирани општи и специфични мерки во здравствените, образовни, социјални установи со цел редуцирање на ризиците од студеното време за најранливите популациони групи, помош при дотур на храна и лекови, огрев или здравствена помош на социјално згрозени лица.
Последната фаза е црвената боја – фаза на екстремно ниски температури. Со неа се предвидени мерки меѓу кои:обезбедување на проодност на транспортна инфраструктура и чистење на тротоари и патеки, обезбедување на прифатилишта за бездомници и нивно активирање, преземање на акции насочени кон специфични ранливи групи, како што се старите лица кои живеат сами и лицата со попреченост во психичкиот и физичкиот развој (со посебни потреби).
При екстремно ниски температури, особено оние проследени со недостаток или дефект на електричната енергија, нарушена критична инфраструктура и отежната сообраќајна и електронска комуникација, се активира Републичкиот план за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи.