Владата гарантира дека изборите што ќе се одржат на 24.март ќе бидат организирани согласно сите меѓународни стандарди, односно ќе бидат обезбедени услови тие да бидат фер, слободни и демократски, соопшти на прес – конференција портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев. Едновремено, тој изрази жалење и разочарување што некои политички партии, одлучиле да не учествуаат на локалните избори.
– Инсистиравме да има инклузија на сите политички партии во рамките на овој изборен процес. Околу моментот на нивното влијание на евроатлантските интеграции во наредниот период ќе се очекуваат коментарите од Европската Комисија и ЕУ, кои впрочем и беа дадени досега и сметаме дека граѓаните поседуваат чувство за да можат да проценуваат, да судат и да одлучуваат чија ќе биде одговорноста доколку тоа има сериозни импликации на нашите евроатлантски интеграции, рече Ѓорѓиев.
Портпаролот на Владата истакна дека Локалните избори ќе се одржат на 24 март согласно
Уставот и законите и сите уставни и законски норми кои ја уредуваат оваа
материја се веќе донесени, и тие не можат да бидат
изменети.