Илија Арнаудоски од ВМРО ДПМНЕ е нов координатор на советничката група на владејачкото мнозинство. Нов координатор има и советничката група на опозциската коалиција. Оваа функција ќе ја извршува носителот на листа на СДСМ, проф. д-р Јован Стојаноски.

Арнаудоски доаѓа на местото на Сашо Донев кој сега ја извршува функцијата директор на ЈП „Нискоградба“, додека Стојаноски го замени Томислав Тунтев кој беше разрешен од советничката функција.

Арнаудоски и Стојаноски на 24 седница на советот, која се одржа денеска, го информираа претседавачот Гордана Коњаноска дека ќе ги застапуваат советничките групи на владејачкото мнозинство, односно на опозцијата во советот.

OhridNews