Поранешниот тренер во Кошаркарскиот клуб АВ Охрид, Владимир Ѓоровиќ е назначен за нов селектор на нашата најдобра женска кошаркарска репрезентација.

Ѓоровиќ на селекторското место ќе го наследи Марјан Лазовски на кој не му беше продолжен договорот после неговото истекување.

Ѓоровиќ кој е тренер на екипата на Струга има репрезентативно педигре водејќи ја У16 селекцијата на Европското првенство во Б дивизијата кое се одржа во Охрид.

Новиот селектор ќе има задача да ја извади најдобро од кошаркарките во квалификациите за Евробаскетот 2021 година. „Црвено жолтите“ се наоѓаат во група со Летонија, Хрватска и Германија.

OhridNews