Познатиот охридски новинар, публицист и хроничар, Владимир Ангеличин – Жура постхумно е добитник на највисоката општинска наградата „Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид“.

Владимир Ангеличин –Жура (1946- 2025) во својата богата професионална кариера бил уредник на Радио Охрид (1961 -1975), а потоа уредник на весникот на ГП „Трудбениик“ во Охрид (1975 – 1997). Автор е на голем број написи и во дневниот и во седмичниот печат, а посебно значајни се неговите истражувачки радио и телевизиски емисии посветени на минатото на Охрид –врз основа на истражувањата низ архивите во Охрид, Скопје и во Софија, циклусот од 20 получасовни радио емисии посветени на охридската староградска песна, циклус од 15 телевизиски емисии инспирирани од трубадурската охридска песна и друго. Исто така, особено значајни се и неговите истражувања во областа на генеалогијата на охридските фамилии.
Автор е на повеќе книги од кои посебен интерес побудува „Жура за Жура“ (1995, две изданија). Од рани години се занимава со документарна и уметничка фотографија, познат е и како рецензент и промотор на бројни книги, фотоизложби и музички настани.
Наградата Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид, општината ја доделува за животно дело односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и Светов.
OhridNews











