Најдобрите натпреварувачи во Таеквон-до ИТФ од 74 земји од светот изминатиотв викенд беа собрани во Јесоло, Италија, каде се одржа Светското Таеквон-до ИТФ првенство на кое учество зеде и Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација.
Нашата репрезентација предводена од претседателот Марјанчо Лазаревски, учествуваше со двајца натпреварувачи. Божидар Димитриевиќ, црн појас II дан, се натпреваруваше во категоријата сениори од 18 до 34 години во борби -92 килограми. Во неговата категорија имаше 17 натпреварувачи, кои беа поделени во 5 групи, а Владимир Димитриевиќ, црн појас I дан, се натпреваруваше во категоријата сениори од 18 до 34 години во борби -78 килограми со 31 натпреварувачи поделени во 8 групи од неговата категорија.
Како и секое првенство така и ова нашите натпреварувачи покажаа одлични борби носејќи се рамо до рамо со многу искусни светски, евроспки, азиски и други шампиони. Иако првпат излегуваат на Светско првенство како сениори, релативно млади, постигнаа вкупно три победи од кои Божидар Димитиревиќ во неговата група извојува една победа над Монголија, додека две загуби од Бугарија и Грција, а Владимир Димитириевиќ кој пред еден месец наполни 18 години и за него е ова прво Светско првенство, извојува две победи во неговата група над Норвешка и Аргентина, додека со противникот од Русија изгуби со тесна разлика и за жал не отиде во четвртфинале, додека претставникот од Русија се закити со бронзен медал. Владимир Димитриевиќ кој оваа година се закити со бронзен медал од Европското првенство во Талин, Естонија во категорија јуниори 16-17 години, продоложува да испишува историја во спортот како најмлад натпреварувач во сениорска конкуренција, со две победи на светско, вели претседателот на М.Т.Т.Ф , Марјанчо Лазаревски.
Посочува дека е исклучително задоволен од нивниот настап и успесите и што гордо и достоинствено ја претставија Македонија на ова Светско првенство.
Воедно упатува благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ, Министерството за спорт и Општината Охрид.
OhridNews