Украинецот Владимир Кличко одлучи да стави крај на боксерската кариера и нараквиците да ги обеси на клинец. Тој повлекување од боксот го најави со специјален видео прилог.
Кличко зад себе има 21 година успешна кариера и во пензија заминува како еден од најтрофејните боксери.
Љубителите на боксот ќе останат покуси за нова пресметка меѓу Кличко и Ентони Џошуа. Првата му припадна на Џошуа, а на големо се зборуваше за договорениот реванш, кој нажалост нема да се случи.
OhridNews