Околу 1,2 милиони евра ќе одвои Владата за поддршка на презентирањето на македонски земјоделски производи и брендови на реномирани саемски манифестации во Русија, Кина и Германија.

Освен земјоделските производи и брендови, Владата ќе поддржи и промоција на македонските вина во Полска, Холандија, Швајцарија и Словенија со цел да се зголеми нивниот извоз, со што ќе им се даде поддршка на компаниите, но ќе се зголеми и девизниот прилив на државата.

„Владата ќе финансира организиран настап на македонските компании на најреномираните и најпознати светски саемски манифестации, преку финансирање на трошоците за закуп на саемски простор, изработка на заеднички национален павилјон, тематски штандови, покривање на националното презентирање со подготовка на промотивни материјали и активности, рече на денешната прес-конференција владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.

Од владата објаснуваат дека нема да се прави избор на производители кои ќе бидат претставени, туку дека сите тие своите производи ќе можат да ги изложат како групен производ на Република Македонија.

Во Кина македонските производи ќе бидат претставени на ЊИНЕЏПО-2013 и  на кинескиот интернационален саем за вина и пијалоци, во Русија на Саемот за пијалоци ПРОДЕКСПО 2013 и на ЊОРЛДФООД 2013 саем за свежо овошје и зеленчук, а во Германија на Саемот во Келн, како најзначаен саем во светот на храната, и во Берлин на Фрутлогистика – најзначајна меѓународна саемска манифестација за свежо овошје и зеленчук.

OhridNews
извор:„Макфакс“