“Зошто на  Охрид  му е потребен Кирил Трендафилов-Нанче”, беше тема на трибината што денеска во организација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се одржа во х. Милениум. На трибината изборниот концепт на Нанче го поддржаа повеќе актуелни министри и функционери во владата.


   
На прес конференцијата што се одржа пред почетокот на трибината  , кандидатот за  градоначалник  на Охрид од  ВМРО-ДПМНЕ Кирил Трендафилов -Нанче  кажа дека  министрите дошле  затоа што  тој имал  програми  чија реализација  ќе се одвива со помош  на Владата.”Локалната самоуправа  мора да има соработка со централната власт  зошто  има  многу заеднички проекти  за Охрид   кои  тешко  би се  реализирале  без  поддршка  на  Владата, рече Нанче. Тој најави дека  доколку стане  градоначалник  негов прв приоритет ќе биде  во   соработка   со Министерството за  финансии  да ја консолидира  финансиската  состојба  во општина   Охрид.


 
Одговарајќи на новинарско прашање дали  присуството на министрите  е дел од кампањата  за поддршка на Нанче министерот за финансии Трајко Славески рече  дека  тоа е нормално, а доколку го повикале , поради природата на  работата, ќе појде и  кај кандидат  од друга  политичка  партија.


 
Министерката за култура култура  Елизабета Каческа-Милеска која се осврна на капиталните инвестиции во културата во Охрид, ја потенцираше потребата од донесување на посебен закон за Охрид, што ќе овозможи подобра заштита на културното наследство и ќе отвори можности за финансирање на проекти  од страна на УНЕСКО.


На трибината учествуваа и  министеро за образование  Перо Стојаноски , заменик министрите за информатичко општество, Мирјана Секулоска, заменик министерот за труд и социјална  политика  Спиро Ристовски  и  Паско  Кузман  директор на Управата  за заштита на културното наследство, како и други државни функционери. Во Охрид денеска престојуваше и министерот за правда Михајло Маневски кој го посети Основниот суд.

Ohridnews