Поранешниот висок општински функционер и поранешен функционер на СДСМ, адвокатот Владо Чингоски, смета дека изборите во Македонија се далеку од фер и демократски и дека исклучок нема да бидат ниту претстојните. На трибината што викендов во Охрид ја организираше невладината „Цивил“ Чингоски отворено зборуваше како се вршеле изборни манипулации и политички притисоци врз граѓаните, посочувајќи дека на терен тоа се случува и сега. Неговата дискусија без влакно на јазикот предизвика бура од реакции од присутните меѓу кои имаше актуелни функционери во локалната самоуправа, на установи и јавни претпријатија. Тој се осврна на работата на невладиниот сектор, посочувајќи дека клуч на промени кон демократизација на изборите се извештаите на граѓанските организиации за изборниот процес.


Владо Чингоски: Притисоци имало и се уште има, ниту наредните избори нема да бидат фер и демократски

OhridNews