Поранешниот репрезентативец на Македонија, Владо Илиевски ги собра потребните потписи од клубовите и ја поднесе кандитатурата за смена на Петар Наумоски на врвот од Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

Раководството на МКФ во следните 14 дена според Статутот мора да свика вондредно собрание на кое ќе се одбира претседател. Во финалната трка ќе бидат Илиевски и Наумоски, откако поранешниот Даниел Димевски се откажа од битката.

– Иницијативата е поднесена, продолжува борбата за подобра кошарка во Македонија ! – напиша на социјалните мрежи Илиевски.

Наумоски еднаш преброди вондредно собрание за гласање на негова недоверба, а што ќе се случува сега останува да видиме во следните две недели.

OhridNews