Македонија треба да постави црвени линии со Бугарија во однос на негирањето на Македонскиот јазик и идентитет, изјави денeска во Охрид, Стефан Влахов Мицов, универзитетски професор,историчар, писател и публицист од Софија, Бугарија и член на Друштвото за бугарско-македонско пријателство.

-Мислам дека по однос на истово прашање, на притисоците од страна на Грција рекцијата од македонската страна е добра, но мислам дека малку се потценува односот со Бугарија, а таа не е помалку опасна од Грција, во однос на Македонскиот јазик и идентитет. Сега Бугарија нема став, односно на некој начин го премолчува сето ова, но сметам дека Македонија треба да ги има во вид  односите со Бугарија токму по  ова прашање, бидејќи во иднина тоа ќе има многу големо значење и би можело да предизвика тешки проблеми, вели Мицов.

Инаку професорот Мицов, денес имаше свое предавање во рамки на Научната конференција за македонски јазик, на тема  ,,Македонскиот идентитет во поезијата на Гане Тодоровски’’.

OhridNews