Денеска во Собранието се врати опозицијата, откако вчера беше постигнат договор со власта преку посредство на меѓународната заедница, за излез од двомесечната политичка криза.

Според Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров, предвремени парламентарни избори ќе има.
„Договорено е веднаш по локалните избори да се утврди тајмингот за одржување парламентарни избори. Точно дека зборот „предвремени“ не е содржан во договор само заради инаетењето на Груевски и неговото инсистирање на формата. Содржината и суштината остануваат исти. Тајмингот за редовни парламентарни избори е даден во Уставот, а секое седнување на маса и договарање друг датум значи договор за предвремени парламентарни избори.“ – изјави Петров.
Од друга страна, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, денеска дециден дека немало било каков договор со СДСМ за предвремени парламентарни избори.
„Во ниту една верзија на вчерашниот документ, ниту во англиската ниту во македонската верзија го нема зборот „предвремени“. Ако СДСМ сака, нека се пријават и нека учествуваат на локалните избори согласно вчера договореното.“ – истакна Димовски.
Инаку, вчерашниот договорот вклучува враќање на опозицискиот блок во парламентот, учество на на претстојните локални избори и формирање комисија за расветлување на инцидентот во Собранието што се случи на 24-ти декември
OhridNews












