Фудбалерите на Ренова ги завршија десетдневните подготовки во Охрид. „Гипсарите“ тренираа во полн погон и по три пати дневно, а одиграа и три контролни мечеви. Победи забележаа против Гостивар (5-2) и Струга Трим Лум (3-1), додека пораз претрпеа од Победа (3-1).

– Комплетно сум задоволен од подготовките во Охрид, бидејќи одработивме повеќе од тоа што имавме зацртано. Во Охрид акцент ставивме на тактиката затоа што базичните подготовки ги завршивме уште во Тетово. Ни фалеше уште еден натпревар, но немавме спаринг партнер. Без разлика на дефицитот од еден меч, пак ќе повторам презадоволен сум од ангажманот и желбата на фудбалерите. – рече тренерот на Ренова, Влатко Костов.

„Гипсарите“ подготовките ќе ги продолжат во Тетово каде ќе одиграат уште неколку контролни мечеви пред почетокот на новата сезона во Првата лига кој е закажан за средината на месец август.

OhridNews