Иако тројцата свират различни стилови и инструменти, најавуваат исклучително забавна програма, која ќе биде креирана од нивната моментална инспирација и енергијата која ќе ја споделат со публиката.
-Тешко е тоа со зборови да го објасниме, тешко можам да кажам што чувствувам под прсти, но затоа постои музиката да ни ги спои срцето и разумот, да направи компромис. Јас можам само да ви ветам како најдобрите спортисти ќе дадеме се јас да победам на домашен терен, а Стефан да победи на гости. – симболично се изрази најдобриот македонски гитарист, Влатко Стефановски.
Влатко Стефановски
Српскиот виолинист Стефан Миленковиќ, рече дека во Охрид секогаш доаѓа со задоволство и дека едвај го чека вечерашниот настап.
– Ова е проект кој е забавен за нас и е предизвик за мене посебно затоа што тоа е еден нов свет кој го запознав, но истовремено некако ми беше близок и сега се вовлеков во него. Целта ни е таа наша забава од сцената да ја пренесеме на публиката. – истакна Миленковиќ.
Стефан Миленковиќ
Уметниците се надеваат дека врмемето ќе ги послужи и дека на публиката ќе и приредат незаборавна вечер. Според најавите во првиот дел од концерот ќе настапат Влатко Стефановски и Стефан Миленковиќ, а во вториот дел на сцената ќе им се придружи и Васил Хаџиманов, кој е специјален гостин на вечерта.
– Мислам дека интересен е изборот на инструменти. Акцентот е на Влатко и на Стефан, а со мојот настап малку ќе се промени бојата на музиката, малку концертот ќе отиде на друга страна, но сепак тука ќе бидеме сите заедно, бидејќи има многу простор за импровизација и игра и среќа е што тројцата сакаме да се занимаваме со музика и на тој начин. – рече младиот Хаџиманов.
Васил Хаџиманов
По Охрид Влатко и Стефан заеднички ќе настапат во Опатија, а на есен подготвуваат турнеја во Хрватска. Не ја исклучуваат можноста и за студиска соработка, доколку успеат да најдат доволно време во згуснатиот распоред на настапи по целиот свет.