Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаб дожд врне низ целата држава. Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Лисец – Попова Шапка е намалена на 50 метри.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

OhridNews