Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, освен на осојничавите места, каде коловозите се влажни, информираат од АМСМ.
Намалена видливост до 100 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Ѓавато.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.