Од АМСМ информираат дека во 08:30 часот укинати се забраните за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар -Стража-Кичево и обратно и на патниот правец крак Маврово- Дебар. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет врне во Крива Паланка, Маврово и на Стража.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

OhridNews