Неславен крај имаше есенската полусезона од Првата македонска фудбалска лига. Тетовското дерби помеѓу Тетекс – Шкендија кое се одигра на стадионот во Ѓорче Петров не го дочека својот крај додека втората дерби пресметка Напредок – Металург беше одложена поради временски неприлики.


Во 85-та минута од натпреварот Тетекс со голот на Драган Начевски поведе со 1-0, што предизвика огромна радост на трибините. Неколку навивачи од “штофарите“ влегоа на теренот да го прослават голот со своите херои.

Фудбалерите на Шкендија по примениот погодок прво негодуваа за одлуката на судијата да не ја прекина играта откако еден фудбалер на “црвено црните“ лежеше на теренот. Потоа стручниот штаб заедно со фудбалерите одлучија да ја повлечат екипата и да не ги одиграат преостанатите пет минути од мечот.

Дисциплинската комисија на Фудбалска федерација на Македонија ќе има полни раце работа по случувањата во последното коло од Првата македонска фудбалска лига.

Мх.П.