Николина Андова е добитнитк на наградата „Мостови на Струга“ за 2013-та година, за дебитанската книга „Влезот е од другата страна“ во издание на Темплум.


Наградата ја доделуваат Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“ и УНЕСКО, со цел промовирање на поетските тенденции и трендови на новите поетски генерации.

Досегашни добитници на оваа награда се Ангело В. Суарез (Филипини), Андреа Коте (Колумбија), Маријана Гејде (Русија), Мануа Рима (Белгија), Антонија Новаковиќ (Хрватска), Усман Сар Сарус (Сенегал), Сим Кера (Естонија), Хироши Таниучи (Јапонија) и Франсоа Ксавие Мегр (Франција).

OhridNews