Влезот на Охрид од правец на Скопје, кој деновиве беше мета на вандали, повторно засвети. Украдените лед светилки од макетата на охридска куќа се заменети, и во функција е целото осветлување.

Осветлувањето на влезот од Охрид во функција беше ставено на 2-ри ноември, но само дваесетина часа подоцна беше украдена дел од електричната инсталација.

Покрај на влезот од градот, во тек е санација на оштетеното осветлување на повеќе улици, кое според најавите на локалната самоуправа етапно ќе биде санирано.

OhridNews