Жителите од стариот дел на градот реагираат на узурпацијата на јавнитe површини за паркиралишта, поради што, како што велат, постојано се соочуваат со проблеми. Ваквата состојба, посчуваат тие, трае веќе неколку години, особено на влезот во стариот дел на градот.


– Причина за узурпација на јавните површини во овој дел од  градот е недоволниот број обележани паркинг места и поставените рампи со кои се ограничува движењето на возилата и луѓето. На овој начин отежнат е пристапот на возилата за брза помош и останатите служби за итни интервенции, кои мака мачат кога треба да интервенираат во стариот дел на Охрид. Рампите требаше да функционираат само во текот на летната туристичка сезона, но тие останаа да функционираат во текот на целата година. На тој начин се овозможи локалната власт да профитира со создавање на огромен паркинг простор кој не остава доволен број паркинг места за локалното население. Доказ за тоа се диво обележаните паркинг простори со употреба на синџири и бетонски жардиниери.-се вели во реакцијата на група загрижени граѓани на Охрид.

Узурпацијата на јавни површини во Охрид не е новост. Покрај за паркиралишта јавните површини се узурпираат и за поставување тезги, угостителска и друга опрема.

OhridNews