Александар Петрески едвај чека да не се одржат локални избори, затоа што смета дека ако нема избори ќе може да го избегне неминовниот пораз. Но, добрата вест е што државата не зависи ниту од волјата на Александар Петрески ,ниту од волјата на Бранко Црвенковски, се наведува во реакцијата од општинската ВМРО- ДПМНЕ во врска со денешната изјава на градоначалникот Александар Петрески околу претстојните  локални избори .

–  Што се однесува до следните локални избори ,ВМРО ДПМНЕ му порачува на Петрески да почне да се пакува и во тоа пакување да гледа да не заборави нешто . Ние во ВМРО ДПМНЕ ја финализираме нашата програма која изобилува со одлични проекти за Охрид , проекти кои ќе го вратат достоинството ,автентичноста  и сјајот на градот , нешто што во времето на Петрески почна да бледнее. Проектите се однесуваат на подобрување на инфраструктурата , изградба на нови спортски,културни и туристички  објекти, обезбедување на подобри услови за живот на граѓаните и отворање на работни места. Ако Александар Петрески не сака да учествува на избори,тоа е негова одлука која е резултат на неговиот страв и свесност за сигурен пораз,стои во дописот од ОК на ВМРО- ДПМНЕ .

OhridNews