Во неа меѓу другото, се наведува дека Бакрачески никогаш не бил во СДСМ и Бранко Црвенковски никогаш не му бил лидер, ниту ќе му биде.
– Бакрачески е дел од ВМРО ДПМНЕ и дел од тимот на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Му порачуваме на Јоне Станковски да види во кој дрес е сега, а тоа е дресот на СДСМ и заедничката коалиција на Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски кои што заеднички ја уништуваа Македонија во изминативе 20 години и има само една работа полоша од предавник а тоа е предавник и слуга. Во таква позиција е Јоне Станковски и неговиот шеф Љубчо Георгиевски, луѓето кои лавот го заменија со петокрака. Јоне Станковски е еден од најревносните поддржувачи на Петрески и СДСМ преку гласањето за сите штетни одлуки во изминатиот мандат на советот, стои во реакцијата од општинската ВМРО- ДПМНЕ.
Оттаму, додаваат дека во ВМРО ДПМНЕ и кај Бакрачевски секојдневно доаѓаат нови луѓе од различни политички провиниенции како СДСМ, ВМРО НП, ЛДП, партии на Египќани, Турци и други кои ја поддржуваат политиката на ВМРО ДПМНЕ и кои се предвесници на големата победа на ВМРО ДПМНЕ и Бакрачески на 24 март.