Таблата кај селото Шум која е испишана само на албански јазик е незаконски поставена и треба под итно да биде отстранета, бара ОК ВМРО ДПМНЕ – Струга.
Оттаму не се согласуваат со ставот на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, кој истакна дека таблата е поставена на барање на локалните жители и не треба да вознемирува никого.
Додаваат дека ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи Советот на општина Струга да носи одлуки кои се на штета на македонското население и иднината на градот.