ВМРО ДПМНЕ смета дека лидерот на СДСМ има морална одговорност за случајот со давањето тендери од страна на градинка во Струмица на фирмите на негови блиски роднини, меѓу кои и на таткото.
-Ако ова не е скандал, ако ова не е непотизам и ако ова не е класичен судир на интерес за СДСМ тогаш слободно можеме да констатираме дека оваа партија ги има изгубено сите правци во своето работење. Го потсетуваме господинот Зоран Заев дека во политиката покрај кривична постои и морална одговорност. Тој треба да си ја понесе заради овој скандал на класичен судир на интерес. Зоран Заев јавно претендира еден ден да стане Премиер на Република Македонија. Ако овој човек правел скандалозни тендери на локално ниво, замислете што би правел кога одговорноста за работата на Владата би била во негови раце. – изјави на партиска пресконференција министерот за здравство Никола Тодоров.
Заев возвртаи исто така на прес конференција, со тврдење дека посочената тендерска постапката која според владејачката партија е скандалозна, е законска и дека истата не ја спровела општината, туку јавна установа, односно градинка.
-Не! Јас овој тендер го немам дадено на мојот татко или на мојот чичко. Институцијата која склучила договор со фирмата на моетот семјество е детската градинка “Детска радост”. Таа институција има одговорно и службено лице кое не се вика Зоран Заев. Институцијата е под надлежност на општина Струмица, а целата постапка е спроведена во процедура што законот ја пропишува. Законот за спречување на судир на интереси и законот за корупција јасно прецизираат кога и во каков случај има судир на интереси. Во овој случај нема ниту непотизам, ниту судир на интереси. Доколку имаше судир на интереси, а со тоа и кршење на законот, вашата власт досега ќе имаше поднесено кривична пријава и тоа најверојатно со мерка притвор за Зоран Заев.-изјави претседателот на СДСМ.
Тој го повика премиерот Груевски на тв дуел, со цел расчистување на случајот пред јавноста.
– Соберете храброст и прифатите, на домашен медиум, пред очите на јавноста, да ги соочиме фактите и аргументите. Па граѓаните нека пресудат кој е криминалец, а кој чесно ја врши функцијата. -додаде Заев.
OhridNews