
-За нас во ВМРО ДПМНЕ не е спорна потребата за легализација која впрочем е и проект на владата на ВМРО ДПМНЕ но несомнено е спорен моментот кога овие предмети се ставаат на седница на Советот. Во моментов длабоко сме навлезени во изборен процес за локалните избори и сметаме дека превземања на вакви дејствија се спротивни на Изборниот законик и преставуваат нарушување на процесот заради можноста и намерата за манипулација со интересите на граѓаните во процесот на легализација на нивните објекти и нивното усогласување со урбанистичките планови. Впрочем манипулирањето и коруптивното однесување се основниот белег на оваа Локалната самоуправа предводена од СДСМ и сега пред нивното заминување треба да престанат со нанесувањето на штети кон заинтересираните граѓани и кон Охрид воопшто. Фактот што досега Општина Охрид слабо работела на легализацијата на објектите и за тоа секако ќе плати пенали ,не може да се покрие со манипулаторскиот обид на ставање на предметите за легализација на дневен ред во изборен период. Овој став го изнесовме при поставувањето на точките од оваа сфера на Дневен ред на последната седница и го повторуваме и сега.-стои во соопштението.
ВМРО ДПМНЕ смета дека носењето на овие точки сред изборен процес отвора можности за корупција и е спротивен на изборните закони и ја повикува Локалната самоуправа и Градоначалникот на Охрид да ги повлечат точките од оваа сфера и да ја одложат седницата закажана на 1-ви март. Истовремено партијата јавно ја повика Антикорупциската Комисија итно да реагира и да се изјасни за ваквата постапка на Локалната самоуправа Охрид.
ВМРО ДПМНЕ најави дека ќе застане без исклучок зад процесот за легализација на бесправно изградените објекти, во законска процедура и тоа веднаш по официјализирањето на новиот Градоначалник и на новиот состав на Советот на Општина Охрид во месец април.











