В.Д директорот на “Охридско Лето” во согласност со законите е лице кое е вработено во институцијата и кое години наназад работи во истата и добро го познава функционирањето на фестивалот, стои во реакцијата испратена од општинската ВМРО- ДПМНЕ, во врска со дописот од ОО на СДСМ околу поставувањето на новиот ВД директор на манифестацијата “Охридско лето”.

– На таквата одлука гледаме како на чекор кој  е токму во интерес на спроведување на годинешниот фестивал .Поставувањето на ВД директорот на “Охридско лето” е директна надлежност на Министерот за култура и  Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ нема ама баш никаква улога околу тој процес. Граѓаните на 5 Јуни јасно му рекоа НЕ на СДСМ за ваквото политиканство и малтретирање на граѓаните . Сега во недостиг како да го скрие уште едниот пораз, петти по ред, СДСМ измислува теми за да остане жив на политичката сцена . Сепак ,го охрабруваме СДСМ наместо да се реформира, да продолжи со вакви нон-сенс реакции, стои во дописот од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.

OhridNews