Како што беше кажано на денешната прес конференција од страна на претседателот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, локалната самоуправа и градоначалникот направија уште едно лошо сообраќајно решение за Охрид.
– Во целиот сообраќаен хаос кој го предизвикуваат со градење на раскрсници и други лоши сообраќајни решенија, шеталиштето кое претставува едно од најубавите делови каде туристите треба мирно и слободно да шетаат, од неразбирливи и само ним познати причини, одлучија улицата да ја поделат со некакви бетонски топки кои го делат шеталиштето на дел за движење на возила, а дел за пешаци. Ова е навистина неразбирливо решение на почетокот на туристичката сезона, кое може да биде опасно и за луѓето кои ќе шетаат и за оние кои ќе возат, рече Михаилов.
Од ВМРО- ДПМНЕ бараат локалната самоуправа и градоначалникот бетонските топки да ги отстранат во рок од три до пет дена, а преку советничката група од оваа партија ќе се побара од надлежните да се преиспита решението и улицата да се врати во првобитна состојба.