Која е причината поради која се поставуваат рампи на истите оние места од кои беа отстранети пред 5 години? Вака ли се води град? Вака ли се развива туризам со тотална неорганизираност, аматерско работење и неинформирање?, прашуваат од општинската ВМРО ДПМНЕ во врска со поставувањето на рампи за влез во стариот дел од градот.

– Локалната самоуправа не само што не решава проблеми, туку прави хаос со сопствените наводни проекти. Незнаењето, неспособноста и пропустите во работењето на Локалната самоуправа станаа наше секојдневие, а добрите политики и развојот неостварена желба, велат од таму.

ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на воведеното ограничување на движењето на граѓаните со поставување на рампи кои го попречуваат одвивањето на сообраќајот за граѓаните и туристите.

  • Бараме СВР Охрид веднаш да постапи согласно нивната надлежност и до Локалната самоуправа претставувана од градоначалникот Стојановски и до Секторот за комунални дејности и Одделението за сообраќај и улици, да испрати ургенција со барање за отстранување на препреките на сообраќајниците, односно металните рампи и бетонските конструкции поставени во центарот и стариот дел на градот, велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.
  • OhridNews