Да се изградат нови и санираат постојните стари и руинирани јавни тоалети во градот, бараат од општинската ВМРО- ДПМНЕ.

Како што истакна на денешната прес- конференција претседателот на Комисијата за урбанизам, Горан Патчев, немањето јавни тоалети низ градот е проблем кој се провлекува со години и кој и покрај апелите до локалната власт , никако да се реши.

– Туристичките водичи секојдневно се соочуваат со овој проблем и укажуваат  дека е невозможно  да се реализираат неколкучасовните тури низ градот без посета на јавни тоалети, рече Патчев.

Тој потенцира дека во соработка со комисијата за туризам и стручни лица од комисијата за уранизам,  изготвена е мапа со можни локации за изградба на јавни тоалети . Старата градска библиотека, Античкиот театар и Горна Порта- се само дел од локациите кои се предлагаат за изградба на нови тоалети, а се посочуваат и локациите на кои има стари и веќе руинирани кои би можеле да се санираат и стават во употреба.

OhridNews