– Кога се обидуваа да прават протести на кои ја мултиплицираа реалната бројност, зборуваа за бројки, кога видоа што е митинг на ВМРО ДПМНЕ зборуваат за градови. Нивната дезоориентираност се демонстира и преку тоа што на нивниот митинг не беше посочена ниту листа за кандидати за советници кои треба да бидат дел од советот на Општина Охрид. Дали причина што немаше листа е големото незадоволство во СДСМ од коалицијата со Народна, ЛДП и НСДП и што во првите седум места има само едно за членовите на СДСМ, дали причината е што месните организации на СДСМ не се консултирани за листата и листата е правена во координација само со централата во Скопје, додаде Митровиќ.
Тој праша дали причината е и што неколку видни Охриѓани на кои им било понудено да ја водат листата одбиле, свесни за поразот на СДСМ и Петрески во Охрид.
– Јасно е дека со ваквиот начин на појавување пред јавноста, Бранко Црвенковски и неговиот пулен Александар Петрески заедно со неговиот долгогодишен губитнички тим, повторно ја манипулираат јавноста и сакаат да добијат можност за уште четири години да можат да продолжат со нивниот деструктивен начин за уништување на Охрид, рече Митровиќ.
Како што потенцира портпаролот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, граѓаните на Охрид нема да ја пропуштат долго очекуваната можност да стават крај на осум годишното измачување и уништување на градот.