И покрај запознавањето на јавноста за работењето на ЈКП „Дебрца“ во првиот квартал од 2019, Ногачески не презема ништо за разршување на директорот кој лично го назначи, велат од ВМРО ДПМНЕ Дебрца.

„И покрај одлуката за поскапување на водата за 20% во вториот квартален извештај на ЈКП Дебрца за 2019 повторно има загуба во висина од 348.672 денари, за репрезентација и во овој квартал потрошени се 27.294 денари, за дневници за служебени патувања 11.795 денари, надомест за користење на сопствено возило 3.500 денари“, потенцираат од ВМРО ДПМНЕ Дебрца.

OhridNews