И покрај одлуката за зголемување на цената на водата за 20%, во првиот квартал на ЈКП Дебрца за 2019година има направено загуба во износ од 377.855,00 денари за само три месеци работење, велат од ВМРО ДПМНЕ Дебрца.
- Сакаме да ја запрашаме локалната власт на чело со градоначалникот Ногачески зошто и покрај загубите на ЈКП Дебрца ги трошат парите на граѓаните на репрезентација каде што потрошиле цели 41.131,00денар , за дневници за службени патувања во висина од 13.581,00денар дури и надомест за користење на сопствено возило во висина од 10.500,00, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Од ВМРО ДПМНЕ Дебрца обвинуваат дека локалната власт и градоначалникот работат нетранспарентно.
OhridNews