ВМРО ДПМНЕ Дебрца со реакција во врска со денешното носење на ребалансот на буџетот од општина Дебрца, поточно за ставките за репрезентација.
- Се зголемуваат од 130.000 денари на 320.000 денари. Чувствуваме должност да го презентираме овој документ и да укажеме на изнесените лаги од сегашниот градоначалник кој за време на кампањата ветуваше дека ќе ги намали трошоците за репрезентација, а во случајов има нивно зголемување, велат од ВМРО ДПМНЕ Дебрца
Додаваат дека жителите на Дебрца го чекаат она што претходно им било ветено.
OhridNews












