
– Ликот и делото на Свети Климент Охридски е силно врежано во македонската историја и паметење. Неговото апостолско дело и мисија е должно за почит дотолку повеќе што почнало од Охрид и Македонија, но и поука за сите генерации дека чувањето на културната,јазичната и националната посебност е исконска должност и аманет.
Да го следиме Свети Климент како прв словенски писател и просветител и прв словенски епископ на македонскиот народ, основачот на Охридската архиепископија и основоположник на првиот словенски универзитет во лицето на Охридската книжевна школа. Нека е вечен неговиот спомен, нека е вечна инспирацијата од неговите дела, се наведува во честитката од ОК на ВМРО ДПМНЕ.
OhridNews











