ВМРО-ДПМНЕ денес од Охрид започнува со теренска кампања „Важно е! Од тебе зависат промените“.
Кампањата, како што информираат од ВМРО–ДПМНЕ, ќе биде во два дела. Во текот на неделата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе има по две теренски посети на општини, каде што ќе оствари средби со голем број на целни групи, како и средби со граѓани. Исто така ќе се одржат и по две дебати во текот на неделата во различни општини.
Ќе имаме дебата со туристички работници и влијанието на сè уште недовршениот сега веќе децениски проект за автопатот Кичево-Охрид врз туризмот. Ќе посетиме уште неколку други локации. Денот ќе го завршиме со мини митинг. Политичките пораки кои треба да ги упатиме е дека сега е важно да сите се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ, дека е важно да направиме разлика помеѓу вистинската опозиција ВМРО-ДПМНЕ која се бори против владата на СДСМ и ДУИ и оние нивни слуги и измислени опозиционери. Важно е дека сега е моментот секој од нас да се вклучи, вели Мицкоски.
Со кампањата вели ќе воведат воведуваат нов пристап директно од теренот да ги слушнат проблемите на граѓаните и понудат решенија, како преку непосреден контакт да ги упатат политичките пораки.
OhridNews